Официјален застапник на декоративни тапети од повеќе реномирани европски компании како Elitis, Grandeco, BN и Duralmond.

Компанијата Ground Fashion постои на македонскиот пазар од 2009 година, а од пред неколку месеци го нов продажен салон на улица 29 Ноември бр. 19, локал 8 спроти Универзална сала-Скопје.

Ексклузивен застапник на македонскиот пазар е на реномирани производители  Elitis, Grandeco, BN и Duralmond кои произведуваат високо квалитетни и декоративни тапети и панели. Потрошувачите во салонот на Ground Fashion имаат можност за избор на најразлични декоративни тапети за внатрешно уредување произведени од високо квалитетен, специјален винил материјал кој е лесен за одржување, производи кои можат да се чистат дури и со влажни крпи и со употреба на детергенти. 

Независно дали сакате да го уредите својот дом, канцеларија, хотел или кафуле, компанијата Ground Fashion нуди најразлични дизајни на тапети, во класичен или модерен изглед, со широк спектар на бои и дезени, а  може да се нарачаат и уникатни тапети креирани од врвни европски дизајнери кои соработуваат со овие компании.

Покрај тапети потрошувачите во Ground Fashion можат да нарачаат и декоративни Duralmond панели, кои покрај за внатрешно може да се користат и за надворешно уредување. Duralmond производите се добиени од комплексен материјал добиен со мешање на природни и синтетички смоли. Моделирани во било која форма или текстура, обезбедуваат единствен материјал за украсување на површини. Тие се изработени од биоразградлив материјал, кој може да се рециклира, водоотпорни, со добра акустика и отпорност на оган.

Ground Fashion –лесен и брз начин за создавање посебни и интимни домашни простори

Leave a Reply

Your email address will not be published.